Полициска рација во мигрантски камп во Германија

Германската полиција спроведе рација утрово во центарот за мигранти во градот Елванген, каде што пред три дена 150 баратели на азил се судрија со полицијата и  спречија депортацијата на еден мигрант од Того.

Полицијата одби да даде детали за рацијата во центарот, во кој има околу 500 баратели на азил, главно од африканските земји, вклучувајќи ги и Нигерија, Гвинеја и Камерун.

Полицијата во Елванген во понеделникот вечерта го ослободи човекот пто сакаше да го депортитра, со цел да избегне ескалација. За време на судирот мигрантите со тупаници удирале по полициските возила и оштетиле едно. Не е јасно дали по утринската рација мигрантот од Того, сепак, бил депортиран.

По инцидетот, кој полицијата го нарече „исклучително агресивен и насилен“, крајно десничарските и конзервативни политичари изјавија дека доажањето на над 1,6 милиони мигранти од 2014 година довеле до колапс на законот и поредокот.