![brisel-policija-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/brisel-policija-2.jpg?resize=620%2C310&ssl=1)
Големата полициска акција во бриселското предградие Етербек по се изгледа е завршена, јавува белгискиот портал Ла Либре.
На местото на настанот биле распоредени десетици припадници на специјалните единици, а очевидци информираа дека дел од локалното население било евакуирано.
Но, како што нагласува порталот, полициската акција, по се изгледа завршила, а засега нема никакви информации од страна на федералната полиција, ниту од армијата.
На местото на настанот имало поголем број полициски припадници, единици за деминирање о брза помош, но околу 14.00 часот овие единици си заминале.
Областа сеуште е затворена, а контролата ја презема локалната полиција.