
На целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на ковид-19.
Граѓаните кои имаат миленичиња и денеска ќе можат да ги изнесуваат надвор од 8 до 08:30 часот, потоа попладне од 15 до 15:30 часот, како и навечер од 20 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита. Јавниот превоз во Скопје нема да функционира до утре во 5 часот.
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во државава се регистрирани нови 37 случаи со ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројот на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.