Полициски кадети немаат одговор од Спасовски зошто уште не се вработени

Четриесетина полициски кадети од класата 2017/2018 година денеска одржаа краткотраен протест пред зградата на МВР поради игнорантскиот однос на министерот Оливер Спасовски, кој десет дена не им кажува зошто не потишале договори за работа.

Овде сме денеска пред МВР зошто не знаеме што друго да преземеме. На 1 јуни нашите колеги од класата потпишаа договори за врботување, а ние останавме изманипулирани и без никој да ни одговори зошто не сме повикани да потпишеме договори. Нашиот конкурс беше распишан за 609 полициски службеници кои  упешно ја завршија обука, а сите не добија договори. На 1 јуни 565 кадети беа повикани да потпишат договори за вработување, а нас останатите не не повикаа и не знаеме зошто. Не бевме ниту последни на ранг листата, ниту ни фалеа бодови. Станува пракса во МВР да владее самоволие кога станува збор за сите класи на полицајци, да не се почитуваат законите и да се уништува желбата за работа на младите полицајци. Бараме единствено да се почитуваат правилниците и нашите договори за обука, нема да дозволим некој самоволно без никакво објаснување да не остави на улица, изјави кадетот Дарко Петковски.

Кадетите појаснија дека два пати побарале разговор со министерот, но првиот пат им кажале да се јават на друг број, а на тој број никој не им се јавувал. Тие чекаат одговор, па ке видат што понатаму.

Ги исконтактиравме се двата полициски синдикти, но за сега одлучивме самостојно преку медиумите да ги бааме напите права, велат кадетите.