
Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрото во средата се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Товарен воз којшто сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5,50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.