Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10.000 евра. Акцијата ја спровел Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, дознава НетПрес од полициски извори.
Нашите информации велат дека уапсеното лице посредувало за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници.
Извршен бил претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело, а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола.
Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.