Полициски специјалци вршат претреси во затворот „Идризово“

Специјалци од Министерството за внатрешни работи во четвртокот попладнето се ангажирани затворот „Идризово“ каде вршат претреси.

Според неофицијални информации, блокирани се влезовите и излезите од полуотвореното и отвореното одделение.

Акцијата е во координација со затворската управа. Неофицијално станува збор за разбивање на наркогрупа која дејствува во рамки на затворот.

Изминатиов период беа опожарени неколку возила на службеници од затворот, меѓу кои и службеното возило на заменик директорот. Неговото опожарено возило беше најдено пред џамија во Студеничани.