
Од 20 часот во четвртокот 22.04. до 5 часот во петокот 23.04.2021, констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2021) пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 470 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.