Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење на три пожари. Во раните утрински часови хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи, почна да дејствува на пожарот на Илинска планина.

Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец.

Во текот на денот на пожарите се дејствуваше во 30 налети при што се исфрлени 45 тони вода.