Како „психички притисок над вработените“, Синдикатот на македонска полиција (СПМ) го коментира ненајавеното влегување на техничкиот премиер Талат Џафери во канцеларија во рамки на Секторот за внатрешни работи Тетово, а во врска со видеото кое се појави во јавноста,
Од СПМ сметаат дека ваквото попречување кое може да доведе до пропусти во работењето, а од неодобрено објавување на фотографии и создадени видео снимки во јавноста им се става во прашање безбедноста на вработените, а со тоа и на нивните семејства.
„Како синдикат сметаме дека е крајно некоректно и дека не му доликува на еден политичар кој е носител на таквата висока функција која ја извршува да ја користи за демонстрирање од прикажување на моќ кон колегите и секој вработен во Министерството, а како извршен чин со испраќање на ваквата порака значи политичко директно заплашување на сите припадници на полицијата во пресрет на парламетарните избори 2024. Отука апелираме до новиот министер во МВР, Панче Тошковски, дополнителниот министер, Митко Бојмацалиев, директорот на БЈБ, Сашо Тасевски да поведат постапка со цел утврдување на одговорност кој сликал и зошто го објавил тоа видео и фотографии, имајќи во предвид за неовластено снимање на службени простории и злоупотреба на лични податоци“, велат од СПМ.
Оттаму ги повикаа раководните лица во МВР да ги проверат објавите и доколку постои злоупотреба од страна на раководни службени лица од МВР, да се превземе соодветни мерки и активности во согласност со законските прописи и правните акти.
„Поаѓајќи од фактот дека никој не може да се става над Уставот и законите на Р.Македонија потсетуваме дека согласно Законот за заштита од вознемирување на работното место се уредени правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените а во врска за наведеното вознемирување на работно место на полициските службеници напоменуваме од следното на тоа дека : Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.“ Воедно упатуваме апел до вработените во Министерството за внатрешни работи да не потклекнуваат на притисоци од било кого, а секој кој ќе се обиде преку непрофесионален начин да изврши незаконито влијание, или доколку се спроведуваат во наредниот период од страна на раководители ,командири, началници како и политичари од функции а со цел да влијаат на лични одлуки и службени постапки веднаш истото да го пријават како настан.
Напоменуваме дека секој полициски службеник има обврска да ги превземе сите неопходи мерки со кои ќе се гарантираат фер и безбедни избори и при тоа ги охрабруваме вработените во МВР веднаш да превземат мерки при секое незаконито и несоодветно однесување посебно во делот при спроведување на притисоци за вршење на незаконски постапки или за цел попречување на слободната воља на определување согласно загарантираните Уставни и законски права, се наведува во соопштението на МВР.