![IMG-18a8dbcae871d27060781e17e450863d-V-960x957](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/IMG-18a8dbcae871d27060781e17e450863d-V-960x957-1.jpg?resize=696%2C694&ssl=1)
Во четвртокот, (01.08.2024) два хеликоптера на Одделот за воздухопловни единици на МВР исфрлија преку 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско.
Хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Св.Николе-Пробиштип-Кратово и во 40 налети исфрли над 100 тони вода, со што е отстранета опасноста пожарот да се прошири.
Хеликоптерот Бел-412 заедно со хеликоптер од Р. Србија дејствуваше во реонот на Старо Нагоричане и заедно со силите на терен го стопира кракот што се закануваше да се прошири кон нов непристапен терен. Хеликоптерот при дејствувањето во 27 налети исфрли 40 тони вода.