Единица за специјални задачи „Тигар“ при министерствот за внатрешни работи од утрово има нов командант, а спорд извори на НетПрес, именуван е Ивица Бисоски, на местото од досегашниот прв човек Митко Даневски.
Според информациите, Бисовски има долгогодишно искуство во ЕСЗ „Тигар“, учесник е во бројни полициски акции, антикриминалистички и операции за сузбивање на организираниот криминал.
Дванаесет позиции во Министерството за внатрешни работи добија од средата нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително одлучува министерот. Според законот, актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.
1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски
2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски
3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски
4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров
5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов
6-СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески
7-Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев
8-Началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски
9-Оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.
10-Помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски
11- Оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески
12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.