Протести против расизам и бриталност на американската полиција избувнаа во неделата во сојузната држава Минесота откако полицаец смртно застрелал млад црнец по запирањето на неговото возило поради сообраќаен прекршок околу 16 километри од местото на коешто е убиен Џорџ Флајд во текот ан апсење во Минеаполис ланскиот мај.
Гневни толпи со стотици се сообраа пред згреата на полицискиот оддел Бруклин Центар во недеделата ноќта, полицајците во опрема истрелуваа гумени куршуми, шок-гранати и хемиски иританси.
Роднините и гувернерот на Минесот, Тим Валц, мажот кого го убила полицијата го идентификуваа како 20-годишнииот Даунте Рајт. Валц во соопштението изјави дека го следи протестите во Бруклин Центар, предградие на Минеаполис, „додека нашата дрќава оплакува уште еден црн живот кого го зема полиција“.
Демонстрантите уште претходните денови протестирајќи во Минеаполис, додека судењето на Дерек Шовен, поранешен бел полицаец, влегува во третата седмица од судењето обезбедувано со преградите и војниците од Националната гарда. Шовен е суден за убиство откако со коленото го притискаше вратот на Џорџ Флојд, 46-годишниот црнец ланскиот мај, од што видеото предизвика глобални антирасистички протести.
Кети Рајт, мајка на убиениот, изјави за медиумите дека примила повик од синот во неделата попладнето кога ѝ кажал дека ги запрела полицијата затоа што имал освежувачи за воздухот кои воселе од ретровизорите, што е нелегално во Минесота. Можела да слушне како полицаец му кажаува на нејзиниот син да излезе од возилото.
„Слушнав препирање и полицаец како вели ‘Дуанте, немој да бегаш“, изјави Кети Рајт. Повикот завршил, а таа повторно го побарала синот, а ѝ одоговорила неговата девојка која рекла дека е мртво на возачкото седиште.
Во соопштението на полицијата на Бруклин Центар се наведува дека полицајците малку пред 2 часа попладнето запрела маж пораи сообраќаен прекршок и откриле дека има отворена потерници против него. Додека полицијата се обидувала да го уапси, тој се вратил во автомобилот. Еден полицаец го застрелал мажот, се наведува во соопштението во кое жртвата не е идентификувана. Мажот извозел неколку улици подалеку пред да удри во друг автомобил и да почина на самото место/.
Полицијата потврди дека камерите на телата на двајцата полицајци ги снимиле инцидентот. Државната канцеларија за кринални истраги започнала со истражување на пукањето.
Огранокот на Американската унија за граѓански слободи во Минесота соопшти дека случајот треба да го истражува друга независна агенција и да се бара моментално објавување на сите видеа кои се снимени за пукањето. Унијата вели дека е „длабоко загрижена поради тоа што полицијата освежувачите за воздух ги искористила како изговор за запирањето, нешто што полицијата често го прави кога станува збор за црнци“.
„Пукањето во неделата беше трагична. Ги молиме демонстрантите да бидат мирни како и со мирните демонстранти да не се постапува со сила“, изјави Мајк Елиот, градоначалник на Бруклин Сентер.