На семафорот пред ЕУ инфо центар, на буевар Климент Охридски, утрово во 10 часот, полициско возило „шкода јети“ прегази велосипедист на пешачки премин.
Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на зелено.
Велосипедистот е пренесен во Градската болица, каде што му се констатирани телесни повреди, но, не е задржан во болницата.