
Министерот за здравство Никола Тодоров, истакна дека е заменета претходната опрема која во најголем дел била дотраена и набавена во раните осумдесети години.
Физикална терапија во оваа поликлиника годишно користат околу 11.000 пациенти, а статистиката покажува дека од година во година бројот на пациентите се зголемува.
Набавката на оваа опрема ќе значи поквалитетна здравствена услуга и опслужување на поголем број пациенти.