Политичарот Мартин Пацелт прими бегалци во својот дом

Политичарот Мартин Пацелт прими бегалци во својот дом
Политичарот Мартин Пацелт прими бегалци во својот дом

Приказната на политичарот Мартин Пацелт спаѓа во оние поемотивни случаи во кои Германија покажа срце, пишува денеска германскиот печат.

Како што пишува дневниот весник „Велт“, Мартин Пацелт, имено, во својата куќа во селото Бризен, кај Франкфут на Одра, каде и живее со сопругата и едно од своите пет деца „примил две момчиња бегалци од Еритреја“, на кои им го понудил својот дом, помош и учење на јазикот.

Ние сакаме, овде, да им понудиме почетна помош, да им помогнеме да го научат јазикот и „потоа, како нашите сопствени деца, да ги пуштиме во животот, рече Пацелт, кој е пратеник  на Христијанско-демократската унија во Бундестагот и некогашен долгогодишен градоначалник на Франкфурт на Одра.

Семејството Пацелт имааат пет деца и десетина внучиња, а едно од нив на Еритрејците Хабен (19) и Авет (24) им дава часови по германски јазик.

begalciПред две години, кога Зелените во Бундестагот бараа повеќе пари за хуманитарна политика, пратеникот Мартин Пацелт му пиша на својот колега од партијата на Зелените, Ханс-Кристијан Штребел и му предложи „ двајцата во своите домови да примат бегалци“. Тој тоа навистина го стори, од Штребел не доби одговор, а од „некои од своите сограѓани, како што пренесува дневниот весник, доби закани со смрт.

Мартин Пацелт израснал во семејство со 13 деца и затоа вели дека со својот чин сака да поттикне, а не и да присилува, но додава дека Германија мора да ги прифати сите оние кои бегаат од војната.

За чуствителни моменти „во кои Германија покажала срце“, деновиве пишуваше и таблиодот „Билд“, наводувајќи примери од хуманоста.

Таблоидот го пренесе случајот на Улф Небе, директор на едно училиште од Хамбург, кој на своја рака „во гимназијата организирал одделение за бегалските деца, објаснувајќи го својот потег, едноставно, со тоа дека немало време да се чека на инцијатива од институциите.

 

 

УНХЦР минатиот месец излезе со соопштение во кое се вели дека бројот на бегалци и внатрешно раселени лица е на рекордно ниво.