Политичка хајка: 300 кривични за функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби и несакајќи, но портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, еден од најблиските луѓе на Зоран Заев во апртијата, на прес-конференција потврди дека врз функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува класичен и континуиран политички прогон.

На локално, општинско ниво од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции до денес поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Од 300 кривични пријави, досега се процесирани „само“ 129 кривични пред надлежни судови, рече Костадинов.

Тој бил незадоволен од степенот на реализација на кривичните пријави поднесени од СДСМ, за што го обвини, како што рече, Сваровски-судството? Ова тој го посочува во исто време кога, според аналитичарите, во државата владее Кацарска судство.

Опструкциите на последните остатоци на „заробената држава“ во судството и обвинителството, причиниле многу предмети судиите да ги чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти, цени портпаролот на партијата чиј лидер е фактички три пати помилуван од различни инстанци. Надлежните обвинителства и судови морале да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде биле инволвирани носители на јавни функции, рече Костадинов. Процесите мора да добијат правен епилог, рече тој.

Портпаролот на СДСМ не кажа ништо за корупцијата во редовите на неговата поартија која за помалку од три години владеење успеја да стана синоним за тендери, фондови за иновации, Рекет 1, 2, 3… За нивното владеење во времето на транзицијата, секој коментар, пак е излишен.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагирараа дека станува збор за класично силување на правдата и политички прогон за сите оние кои се неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ.

СДСМ е партија водена од аболициран криминалец која што изминатите три години ги злоупотреби судството и обвинителството да ги претвори во продолжена рака за нивното погубно политичко дејствување. Докази дека судството и обвинителството се ставени под капата на Заев и СДСМ има многу. Нема никаква правна разврска за случајот во кој Заев јавно повикуваше на изборна корупција, нема никаква правна разврска за градоначалникот Курто Дудуш, кој затвори и тепаше граѓанин во неговата градоначалничка канцеларија. Нема никаква правна разврска за скандалот „Леонардо“, во кој до гуша е заглавен генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски. Нема никаква правна разврска за мафијашките пресметки по градските улици и хотели во Скопје. Нема правна разврска ниту за крвавиот тендер, ниту за „Рекет 2“, ниту за случајот „Инсулин“ и другите афери во кои директно се врзува и министерот Венко Филипче. Нема правна разврска за уште десетици други афери и скандали во кои што функционерите на СДСМ се вмешани, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.