На денешниот саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусија на тема „Животна средина“ свое обраќање имаше Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет на УМС кој што истакна дека случајот „ Иловица“ е олицетворение на стилот на владеење на ДУИ и СДС во изминатите години.
„Последните шест години покажуваат дека овој конкретен случај „Иловица“ и слични на овој, се само олицетворение на стилот на владеење на ДУИ и СДС. Проблемот е што тоа го одзема сонот и надежта дека во Македонија може да има подобро утре за младите. Проблемот е покрај овој случај во последните шест години во Македонија битно е какви се роднинските и врските во ДУИ, дека, внуци, синови, браќа, и други фамилијарни врски во ДУИ почнаа да купуваат трговски центри, преку ноќ да влегуваат во бизнисите со енергенси, да купуваат локали во центарот на Скопје по неколку пати пониски цени, да добиваат стипендии, грантови, и не знам уште што не само заради тоа што имаат такви релации со ДУИ. Младиот човек е разочаран во оваа држава кога гледа дека не се битни неговите квалитети, образование, колку тој работи на себе кога гледа од другата страна дека битно е само да имаш некој во ДУИ. Во однос на случајот „ Иловица“ во рамките на караванот иднина за сите бевме, разговаравме со младите земјоделци од Струмичко, преплашени се и тоа е легитимно, како ние на тие млади луѓе да им ветуваме дека тие може да инвестираат и да го развиваат својот земјоделски бизнис кога утре нема да знаат дали почвата ќе биде контаминирана или не. Второ сметам дека невладините денес не смеат да бидат гласни на оваа тема, секоја чест на оние невладини кои се гласни, и ги повикувам невладините на оваа тема да се изјаснат“ нагласи Шамбевски.
Збор зема и претседателот на комисија за животна средина на УМС, Младен Јаневски кој што истакна дека во моментот на Македонија и се случуваат неколку еколошки катастрофи но УМС има желба, капацитет и мотив да ги поправи нештата и креира проекти за заштита на животната средина а еден од нив е и во првите 4 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ да се засадат повеќе од 2 милиони дрва, акција во која ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.
„Проблемот со животната средини изминатите неколку години е многу актуелен во Македонија, бидејќи сите страдаме од тоа на сите ни е важно, и сите гледаме што се случува околу нас. Во 2016 година раководството на СДСМ шеташе со маски низ Скопје сакајќи да претстави колку е загадено, ветувајќи дека со промената на власт магично ќе се исчисти воздухот, и таа пропагандната теорија на СДС им се сруши како кула од карти. За да се реши проблемот со аерозагадувањето не треба да сте мрзеливи, напротив треба да сте многу работливи, треба да имате идеи треба да имате искуство, и треба да бидете мотивирани за да го сработите тоа. Кај младите во УМС постои мотив и желба да се направи нешто за Македонија. Во моментот неколку еколошки катастрофи и се случуваат на Македонија. На почетокот на економската криза беа исклучени пумпите за полнење на Дојранското езеро што носи катастрофални штети по еколошкиот свет. И такви штети им се случуваат на повеќето вештачки акумулации во Македонија. Но ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе понудиме проекти, кои што ќе бидат во насока на заштита на животната средина, на обновување на она што е уништено и можам со задоволство да кажам дека имаме капацитети и мотив навистина да го направиме тоа. Нашата цел е во првите 4 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ да засадиме повеќе од 2 милиони дрва, акција во која ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта“ истакна Јаневски.
Претседателот на Советот на општина Ново Село, Петар Марков ја потенцираше сериозноста на овој настан кој што е организиран денес и направам споредба со начинот на работење на владата на Република Македонија, особено по прашањето на рудникот Иловица Штука, каде што министрите кои членуваат во таа влада навечер држат седница на Влада на која што одлучуваат за спојување на концесиите, а утредента наутро одат и протестираат против тоа што тие го имаат донесено, што преставува однесување кое не личи ниту на раководење на месна заедница, а камо ли за луѓе од кои што директно зависи иднината и благосостојбата на секој еден поединец кој што живее во државата.
„Општина Ново Село влегува во опфатот во кој што треба да се изведуваат ископите, кои се надеваме дека нема да се случат, за рудникот Иловица-Штука и ние во текот на вчерашниот ден на седница на Совет, и со тоа ставануме една од првите општини која што донесе две одлуки од кои што едната беше став кој што е против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука. И втората одлука која што е донесовме на Совет беше став за против било какви идни истражувања за металични суровини и градење на било какви објекти на територијата од Г1, што значи тешко загадувачка индустрија“, истакна Марков.
На аргументите на Марков во однос на изградбата на рудникот и скептицизмот и недовербата кој што ги имаат граѓаните, пред се во власта, се надоврза и портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која додаде дека многу едноставен е одговорот на сите овие прашања, запрашувајќи, зарем на ДУИ му веруваме?
„Зарем на ДУИ му веруваме дека знае што прави, дека го прави тоа со чесна намера или веруваме на СДС кој што се само нивен помагач кога овие се реализатори? Нема ниту една причина за да веруваме дека нивната намера во изградбата на еден ваков проект е чесна, дека станува збор за инвестиција која што навистина ќе се грижи за заштита на животната средина. Ние кога зборуваме на ова оваа тема мораме да бидеме до крај искрени и мора да гледаме каде се движи се движи светот и за каква реиндустријализација зборуваат сериозно развиените западни држави. Меѓутоа, при инвестиција на човек близу до ДУИ кој што нема ниту еден ден работно искуство во ваква проблематика, инвестиција која што е од самиот почеток сомнителна и има сериозни индикации дека е можен сторен криминал само за да се обезбедат финансиски средства, не можете да очекувате дека граѓаните ќе имаат било каков степен на доверба и ќе ви ја дадат довербата и ќе речат во ред, еве повелете на нашата почва овде правете што мислите дека треба да правите. Не верувам, дека е само луѓето во струмичката котлина, туку генерално и цела Македонија има нула проценти доверба во ДУИ и СДС“, истакна Митева.