![turski potok](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/turski-potok.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Заменик претседателот на Управниот совет на „Газпром“, Александар Медведев денес информира дека поради политичката криза во Турција се одлага пуштањето на првата линија од проектот за гасоводот Турски поток.
Сефа Садак Ајтекин, помошник советник во турското Министерство за енергетика и природни ресурси, во петокот за електронското издание на весникот „Хуриет“ изјави дека се замрзнуваат преговорите за проектот за гасовод со Русија. Тој ја објасни ситуацијата со „недостиг од взаемна доверба“ и инсистираше на „поголема еластичност“ меѓу странките.
„Газпром“ и турската компанија „Боташ“ (Botas) во декември минатата година потпишаа меморандум за взаемно разбирање за изградба на морски гасовод од Русија кон Турција преку Црно Море. Одлуката за проектот Турски поток беше соопштена при посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара на 1 декември 2014 година.
Медведев денеска исто така соопшти дека европски финансиски институции пројавуваат првичен интерес за финансирање на „Северен поток -2“, а „Газпром“ ги почнал консултациите и смета на пари од Европа и Азија.
Акционерските обврски од „Северен поток-2“ остануваат во сила и се очекува тој да биде пуштен во експлоатација во 2019 година.