За земјиштето кое било продадено за изградба на ‘Шпанските скали’ цената изесува 1.620 евра по метар квадратен, тврдат извори од Министерството за транспорт и врски.
Изворите во разговорите за Република, ги демантираат информациите дека земјиштето било дадено по багателни цени од 71 денар или, пак, од 2.500 денари по метар квадратен. Дали ваквата сума е дадена од Основното јавно обвинителство како оправдување за хајката која се води?!
Обвинителството бара од судот да одреди мерка притвор за деветмина осомничени од вкупно 11 за предметот познат во јавноста како Шпански скали. Станува збор за продажба на државно земјиште на две локации, едната во градскиот парк каде што било предвидено изградба на хотелски комплекс, и втората локација во Центарот на градот каде требало да се изградат хотели и познатиот објект Шпански скали во кој биле планирани да се сместат деловни простории. Бизнисменот, чие име засега не го открива Обвинителството, го купил земјиштето во едниот договор по 71 денар од метар квадратен, а во другиот пак, по 2500 денари за метар квадратен – стои во денешните тврдења по приведувањето на деветмина кои според ОЈО се осомничени за оштетување на буџетот со продажбата на земјиштето каде требаше да се градат Шпански скали и на место каде требаше да биде изграден хотел.
Извори од Министерството за транспорт и врски твдрдат за Република и дека за ваква сума никогаш не станало збор. Според нив, 1.046 метри квадратни се продадени по цена од 1620 евра за квадрат, што, како што тврдат, е едн од најскапите продадени земјишта во Македонија. Истото е продадено со јавно надавање.
-Оваа цена е исклучително висока. Мислам дека ако не најскапо, сигурно е меѓу најскапо продадените државни земјишта во Македонија. Се продаваа земјишта по багателни цени од по 25 евра за квадрат и за тоа нема ништо. Тука се работи за сериозна сума, реална вредност – тврди нашиот извор.
За споредба, земјиштето на кое е изграден трговскиот центар „Рамстор“ во времето на Владата предводена од Бранко Црвенковски, на турскиот инвеститор „Коч“ беше продадено по цена од 25 евра,
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја истражува продажба на земјиштето на кое е изграден трговскиот центар „Рамстор“. Доколку се утврди дека Владата, на чие чело за време на продажбата беше сегашниот претседател Бранко Црвенковски, го продала земјиштето за цена пониска од реалната, турскиот инвеститор „Коч“ ќе мора да доплати. Комисијата поведе постапка за испитување на продажбата на земјиштето зашто постоеле индиции дека плацот од 25.000 квадратни метри е продаден за 25 евра по квадрат – беше објавено тогаш во медиумите.
И при пребарување на интернет се покажува дека тврдењето дека земјиштето за Шпанските скали е продадено по багателна цена не е ништо повеќе од срамна лага. Уште тогаш е објавена вредноста по која „скалите“ добиле газда, а таа е далеку повисока од онаа за која се зборува и за која се тврди.
Јавноста денешната акција на МВР ја искоментира како дефокс од актуелните политички случувања кои не и одат во прилог на актуелната власт. Масовни апсења пред зори се коментираат како цел да се влее страв во јавноста и да се дефокусира вниманието од серијата неуспеси на режимот на Зоран Заев. Покрај останатиот неуспех, Заев беше мета на критики и поради идејата да биде и министер за финснасии, што е спротивно на Законот за судир на интереси. По ова тој се повлече, беше мета на потсмев, а уште поголем срам беше одлуката на државна сметка да се прават операции за промена на полот. Откако вчера јавноста се крена на нозе, оваа одлка доцна синоќа беше повлечена. Владата покажа дека нема компас, дека е изгубена, дека не знае каде води и што прави. Па денеска реши повторно да апси. Жртвите повторно се истакнати претставници на опозицијата, поранешниот министер Миле Јанакиески, кој веќе е во домашен притвор, со што паѓаат во вода сите оправдувања за начинот на кој се врши апсењето.
Даденото, па повлечено ветување за предвремени избори во случај на губење на датумот за преговори, нема да може да се избегнува вечно, особено ако исходот на Европскиот Совет во октомври биде идентичен како минатата недела. Се упатува на скорешно формирање на Пржинска влада, вклучително и неуспешниот обид на Заев да си обезбеди место во таа идна Влада макар како технички министер за финансии. Метлата, иако сведена на најмала можна мерка за да не се вознемират фракциите внатре во СДСМ и односите со албанските партнер, сепак предизвика до неодамна незамисливи отворени ломови внатре во Владата, при што заменик министер ја обвини Владата на Заев за неспособност да се реформира клучен сектор како што е образованието, додека советник во Министерството за финансии отиде уште понатаму и обвини за криминал со јавни тендери.
Во вакви услови, владејачкиот режим реши да прибегне кон единствената мерка за која смета дека му носи краткотраен скок на популарноста – нова рунда на репресии и апсења на политичките противници и критичари. Платените владини ПР службеници, скриени зад лажни профили на социјалните мрежи, се повикани уште еднаш да ги подгреат нивните досетки за по кој знае кој пат уапсениот министер Јанакиески, човек кој неодамна претрпе сериозен напад во затворот во Шутка кој очигледно не е под контрола на затворската управа. Овојпат е уапсен за проект кој воопшто не бил ниту реализиран. Апсењата доаѓаат и во време кога судот во Унгарија потврди дека во Македонија владее режим, така што го одби барањето на судовите и обвинителите на Заев за екстрадиција на неговата најголема ноќна мора – Никола Груевски.
Оттука и се поставува прашањето измислените суми од 71 денар за метар квадратен и 2500 денари за квадрат се само еден беден обид ОЈО да најде оправдување за денешната хајка која се повеќе е очигледно дека за дефокусирање на вниманието на јавноста.