![bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/bajden.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Испораката на петте руски противвоздушни ракетни системи С-400 на Индија ќе претставува сериозен тест за индопацифичката стратегија на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, смета аналитичарот на магазинот Politico, Пол Меклири.
Овој договор, како што наведува политичкиот коментатот и аналитичар, веќе долго време предизвикува загриженост во Вашингтон, но во пресрет на планираните испораки Белата куќа ќе мора да бара излез од сложената ситуација.
Главниот проблем се состои во Законот за спротиставување на противниците на Америка, пишува Меклири. Законот предвидува мерки против земјите коишто склучиле големи договори за купување оружје од Русија. Сепак, во случајот станува збор за Индија, којашто станува клучен сојузник на САД во регионот, а реакцијата на Вашингтон на договорот меѓу Њу Делхи и Москва ќе им демонстрира на другите, што може да очекуваат во таква ситуација, забележува авторот.
„Прашањето е во тоа дали ова секогаш ќе предизвикува бран санкции (…) Друга причина, поради којашто администрацијата на Бајден ќе мора да работи на овој проблем со Конгресот, се состои во тоа овој Дамоклов меч да не се надвисне на нашите односи (со партнерите) во текот на следните пет до десет години“, заклучува Самир Лалвани, виш соработник и директор на програмата за Јужна Азија во Центарот Стимсон.
Во 2018 година Индија и Русија, покрај другите договори за соработка во наменската индустрија, договорија испорака на пет полкови од напредните противвоздушни ракетни системи С-400, во зделка која се проценува на повеќе од пет милијарди долари.