ПолитиФакт: Обама лажго на годината

Американскиот претседател Барак Обама е прогласен за „лажго на годината“, од сајтот ПолитиФакт, кој се занимава со проверка на вистинитоста на изјавите на политичарите.

Оваа непосакувана титула Обама  ја доби за неговото многупати повторувано ветување до гласачите дека, со здравствената реформа „Обамакер“, ако им се допаѓа здравствениот план кој веќе го имаат, ќе можат без проблем да го задржат. Според сајтот, оваа реченица е лага на годината.

laganagodinata

По стапувањето во сила на делот од „Обамакер“ кој поставува нови услови за осигурителните компании на прво октомври годинава, најмалку пет милиони Американци останаа без нивните осигурителни полиси, а многу повеќе добија кратење на заштитата или повисоки цени.

Претседателот Обама им се извини на граѓаните кои останале без заштита поради неговиот здравствен план.