Милисaв Вуковиќ (76) почина од повредите кои ги здоби во сообраќајната несреќа која се случи околу 10 часот во белградската населба Вождовац, кога на него и неговата сопруга налетало службено возило на МВР, додека ја претрчувале улицата, пишува „Ало“.
Несреќата се случила кога Милисав и неговата сопруга Jагода се обиделе да ја поминат улицата надвор од пешачки премин, а припадникот на Управата за обезбедување на важни личности и објекти Станиша С. (42) за жал не успеал да закочи.
Брачната двојка, која инаку живеела недалеку од местото на несреќата, билa пренесенa во Военомедицинската академија, каде што и Милисав починал, а состојбата на Јагода е стабилна.
Полицаецот во моментот на ударот бил само во возилото во кое немало други лица.
Сообраќајната полиција го објави увидот на Вождовац, каде што видливите траги на кочење упатувале на тоа дека возачот се обидел да го сопре возилото. Со алко-тестовите е утврдено дека немал алкохол во крвта во моментот на сударот.