Предизвикот од хуманитерен карактер во кој познатите личности го прифатија и се полија со ладна вода најде на делумно неодобрување на социјалните мрежи.
Имено, на Фејсбук се појави фотографија во која американците е полеваат со вода од една страна, а африканците копнеат по чиста и питка вода.
Овој предизвик е од хуманитарен карактер за подигнување на свеста за заболените од Лоу-Гериговата болест или АЛС (амиотрофична латерална склероза), а кон него на интересен начин решија да се приклучар и Шакира и Пике. Погледнете:
Колку за потсетување, актерот Чарли Шин го прифати овој предизвик, но наместо со вода, се поли со кофа полна со пари.