Државјанин на Полска бил фатен во обид да прошверцува алкохолни пијалоци, информираше Царинската управа.
Според Царината, шверцот бил откриен пред една недела на граничниот премин Табановце.
Цариниците извршиле контрола на автомобил со полски регистерски ознаки, управуван од Полјак кој се пријавил за влез во државава. При контролата биле откриени 14 шишиња вино и 78 шишиња и шишенца жесток алкохол -џин, вотка, ликер и мартини од разни марки.
Непријавените алкохолни пијалоци се пронајдени во две картонски кутии сместени во багажниот простор зад торбите со лични работи, под патосницата во просторот за резервна гума и под предното седиште завиткани во новинска хартија.
Истите се привремено одземени, а против возачот е отпочната соодветна постапка.
Облека