Поетот Адам Загајевски од Полска е добитник на Златен венец на 57-то издание на реномираната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес конфренција.
„Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со она
на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија. Светот на неговата поезија неизбежно се врзува и со некои наши општествени дилеми, особено со присутноста на минатото во сегашноста и емотивните состојби на личноста во свет кој е меѓу реалноста и сонoт“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.