Американската компанија „Tesla“ до крајот на годинава ќе ја отвори својата мрежа полнилници и за автомобилите на електричен погон и за автомобилите на другите производители, изјави некзиниот основач и челник Илон Маск.
Мрежата на „Tesla“ опфаќа 25.000 супербрзи полнилици во целиот свет и и обезбедува предност на американската компанија предност во однос на конкуренцијата. Другите производители бараат партнери за воспоставување мрежа или вложуваат во иновативни компании за да ја обезбедат неопходната инфроструктура.
„Ќе ја отвориме мрежата суперполнилници и за другите електрични возила до крајот на годината“, напиша челникот на „Tesla“ во вторникот на Twitter, додавајќи дека со текот на времето нивната мрежа ќе биде отворена за возилата на сите производители во сите земји.
Германското министерство за транспорт изјави во јуни дека се обидива да ја наговори американската компанија да ја отвори својата мрежа за автомобилите на другите произведувачи, со цел да им се олесни полнењето на возачите на електричните автомобили.
Кабинетот на американскиот претседаетл Џо Бајден, пак, кон крајот на јуни го одобри предлогот на републикански и демократски сенатори во инфраструктурните проекти да се вложат 1.200 милијарди долари, вклучително и 7,5 милијарди долари за инфраструктурата за електричните возила.
Групата компании за услуги за полнење со електрична енергија, како што се „Bling Charging“, „Evgo“, „ChargePoint Holdings“ и „Electrify America“ на германски „Volkswagen“.
Подобрата инфраструктура за полнење би можела да поттикне повеќе Американци да купуваат електрични автомобили и со тоа да им обезбедат на класичните производители како „General Motors“ и „Ford“ за подобра позиција во конкуренцијата со „Tesla“, толкуваат аналитичарите на агенцијата Reuters.