Педесет и четири проценти од Американците не ја одобруваат надворешната политика на претседателот на САД, Барак Обама, покажува анкетата на Си-Ен-Ен.
Американците, според истражувањето, се незадоволни особено од начинот на кој Обама реагира на заканите од тероризмот.
Околу половина од жителите на САД сематаат дека екстремистичката групација Исламска држава претставува сериозна закана за САД.
Околу 60 отсто сметата дека САД во крајна сметка ќе успеат да извојуваат победа над борците на ИД.
Сратегијата на САД, која Обама ја објави во септември, предвидува извршување воздушни напади од страна на американските воено-воздухопловни сили врз исламистите во Ирак и Сирија, додека копнените операции им се оставени на ирачката армија и т.н. умерена сириска опозиција.
Повеќето Американци и натаму имаат негативно мислење за испраќањето на американски војници на Блискиот Исток за борба против ИД, покажуваат резултатите од анкетата, спроведена меѓу 21 и 23 ноември на примерок од над илјада жители на САД.