Половина година пратеничка плата за Груевски намалена за 5 отсто

На вонредната координација во средата претпладнето кај собранискиот спикер Талат Џафери претседателите  на пратеничките групи одлучиле следните шест месеци пратеникот Никола Груевски да зема плата намалена за пет отсто, односно за 3.000 денари, што е пропишано според Деловникот за неоправдано отсуство подолго од три дена.

Дури по истекот на овие шест  месеци неоправдано отсуство, ќе се создадат услови да му се одземе мандатот на поранешниот премиер.

На координацијата  кај Џафери, на којашто вообиачено не присуствуваа претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, било утврдено дека во моментов не постојат услови за веднаш да му биде одземен  мандатот на Груевски.

Собранието минатата седмица не успеа да го обезбедни потребното двотретинско мнозинство за да му биде одземен мандатот на Никола Груевски, кој во вторникот се јави преку социјалните мрежи од Будимпешта од каде што најви дека од унгарските власти ќе побара политички азил.