За разлика од југот на Србија, каде дождот предизвика проблеми со надојдените реки и потоци кои се излеаа од своите водотеци и поплавија куќи, патишта и обработливо земјиште, на западот од земјата снегот им создава мака на граѓаните. Непрекинатото 20 часовно паѓање на снег западниот дел од Србија го покрил со 50 сантиметри бела прекривка и предизвикал во некои населени места прекин во снабдувањето со електрична енергија и ги направил тешко продни патиштата.
Снегот во градскиот дел на Ивањица наврнал 40 сантиметри, а во околните места надминува и повеќе од половина метар. Во реонот на зимско туристичкиот центар Златибор снег има околу 50 сантиметри, но патиштата за да се стигне до овој ски-центар се проодни. Златибор за љубителите на зимските спортови ќе ја пушти во употреба и новоизградената жицарница која посетителите ќе ги превезува од центарот на градот до скијачките терени на Торник.