Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а власта зголемува плати на функционери додека народот страда, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а власта зголемува плати на функционери додека народот страда, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата и граѓаните очекуваат мерки и политики за развој, а не покачување на плати за функционери. Македонија има највисока инфлација во регионот и на врвот во Европа, а власта се што прави е замрзнување на цените на макароните или лебот, сите мерки се презадоцнети, народот плати превисока цена. Падот на реалната плата е повеќе од 3 отсто, а власта се фали дека покачила плати на работниците, велат од партијата.

Додаваат дека со владејачката СДСМ  народот од ден во ден е сѐ посиромашен, праввејчи споредна дека тоа што пред година дена можеше да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.