ројот на загинати или ранети украински и руски војници од почетокот на војната во Украина се приближува до 500.000, објави денеска американскиот весник Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
Загубите на руската војска се приближуваат до 300.000, вклучувајќи дури 120.000 мртви и 170.000 до 180.000 повредени, објави весникот.
Загубите на украинската војска се приближно 70.000 мртви и 100.000 до 120.000 ранети, додаваат тие.
Ниту Русите ниту Украинците не ги објавуваат сопствените податоци за жртвите.