Половина од Американците стравуваат за парите на банкарските сметки

Речиси половина Американци стравуваат за парите на банкарските сметки поради актуелните превирања во американскиот банкарски сектор, како и во текот на финансиската криза во 2008 година, покажа истражувањето на Gallup.

Вкупно 48 отсто од испитаниците стравуваат за своите пари, вклучително и 19 отсто кои се „многу загрижени“, покажала анкетата на Gallup.

Околу 30 отсто од испитаниците „не се премногу загрижени“, а 20 отсто „воопшто“ не се грижат за парите коишто ги ставиле на банкарски сметки.

Анкетата покажала и јаз меѓу испитаниците со факултетски дипломи и оние без дипломи. Така, загриженост за парите на банкарските сметки изразиле дури 54 отсто од Американците без дипломи и 36 отсто од нив кои имаат дипломи.

Стравот од губењето на парите ставени на сметките го мачи отприлика секој втор испитаник кој живее во домаќинство со годишни примања до 100.000 долари. Во категоријата со повисоки примања загриженост изразиле 40 отсто од испитаниците.

Во Gallup проценуваат дека граѓаните со пониски примања и оние без факултетски дипломи можеби се загрижени затоа што не се информирани дека банкарските сметки до 250.000 долари ги осигурува Сојузната агенција за осигурување на депозитите (FDIC).

Втората можна причина, можеби е незадоволството од актуелната претседателска администрација или од состојбите во американската економија, напомнуваат од институтот.

Минатиот пат Gallup ја мереше загриженоста на Американците за парите на банкарските сметки во 2008 година, во пикот на финансиската криза, со многу слични резултати како и сега. Така, во анкетата спроведена во септември 2008-та 45 отсто Американци навеле дека ставуваат за безбедноста на банкарските депозити.

Сегашната анкета е спроведена во периодот од 3-ти до 25-ти април, по крахот на банките „Silicon Valley Bank“ и „Signature Banka“, а пред пропаста на „First Republic’.