Половина од Германците сѐ уште не им веруваат на банките

Довербата на германските коминтненти во банките закрепнува многу бавно по финансиската криза од пред десетина години, покажа анкетата објавена во средата.

Вкупно 44 отсто од анкетираните Германци имаат доверба во банките и финансиските инстиуции, го пренесува агенцијата DPA истражувњето на инстиутот Gallup.

Тоа е само четири процентни поени повеќе отколку во 2009 година, непосредно пред почетокот на финансиската криза. Според резултатите од анкетата, секој втор Германец, односно 50 отсто од анкетираните, и натаму не им веруваат на банките.

„Довербата којашто секторот ја градеше со години, испари за само една година. Реномето на финансискиот сектор не е обновено по финансиската криза“, предупредува водачот на истражувањето Марко Нинк.

Германците, инаку, ниту пред кризата не беа задоволни од финансиските институции. Така, во 2007 година им верувале 57 отсто од анкетираните, а 39 отсто немале доверба во нив.

Од Gallup анкетирале илјада граѓани повозрасни од 15 години, прашувајќи ги за мислењето за банките. Анкетата требаше да покаже и колку граѓаните веруваат во полицијата, судството, војската и владата, Резултатите од тие анкети сѐ уште не се познати, напомнува DPA.