Половина од германските пари за воена опрема ќе одат во американски компании

Речиси половина од 100-те милијарди евра од германскиот буџет за модернизација на германската армија Бундесверот веројатно ќе отидат кај американските производители на воена опрема, предупреди германски „Renk“, обвинувајќи ја владата во Берлин дека нема стратегија за домашната индустрија.

Компанијата „Renk“, поранешна филијала на автомобилскиот гигант „Volkswagen“, е глобален лидер во производството на менувачи за тенкови, вклучително и за напредните германски од моделот „Lеopard 2“.

„Не верувам дека многу пари ќе останат за германската индустрија. Германија нема стратешки компас за индустријата на оружје. Французите тоа го прават многу подобро“, смета извршната директорка на групацијата „Renk“, Сузане Виеганд.

Според неа, германската влада не ја сфатила стратешката важноста на воено-индустрискиот комплекс.

Ја повикува владата споменатиот историски фонд наменет за модернизација и вооружување на германската војска да го искористи не само за пополнување на краткорочните кусоци во залихите, туку и за развој на технологиите на иднината.

Инаку „Renk“ генерира околу 70 отсто од приходите со продажба на менувачи за тенкови и воените бродови, а остатокот со продажба на менувачи за цивилна намена, како компресорите.

Пред три години „Volkswagen“ го продаде „Renk“ за 700 милиони евра на финансиската компанија „Triton“, а денес ја разгледуваат можноста од впишување на акциите во берзанска котација.

„Го гледам пазарот на капитал како следен чекор во нашиот развој, но сѐ уште не е донесена никаква одлука“, изјави Виеганд, без да го наведе датумот за евентуалната првичната јавна понуда (IPO).

Вредноста на книгата на нарачки на „Renk“ изнесува 3,9, вели Виеганд.

Доколку се одлучи за IPO, банкарите ја проценуваат вредноста на „Renk“ на околу 2,5 милијарди евра, наведува Reuters.