Половина од Киевскиот регион следните денови без струја

Половина од регионот кој ја опкружува украинската престолнина Киев ќе остане без снабдвуање со електрична енергија ден по руските ракетни напади врз електроенергетските постројки, соопштија регионалните киевски власти.

Иако украинските водечки функционери во понеделникот изјавуваа дека наводно украинската противвзодушна одбрана соборила 80 од 90 руски проектили истрелани врз територијата на Украина, во вторникот се наведува дека цели делови од земјата се повторно во „ледена темница“, и оти поради оштетувањата на клучната инфраструктура голем дел од населението останале и без затоплување и снабдување со вода.

Киев, кој има три милиона жители, се чини дека во последниот напад не доживеал дополнителни посериозни оштетувања на градската инфраструкура. Но Киевскиот регион, кој не го вклучува главниот град и кој пред војната имал 1,8 милиони ќители, е тешко погоден.

„Следните денови околу половина од регионот ќе биде без струја“, рече Олексиј Кулеба, гувернер на Киевскиот регион, на апликацијата Telegraм доцна ноќта во понеделникот.

Русија негира дека ги гаѓа цивилните цели туку дека со нападите врз клучните инфрастуктури кои ја намалуваат способноста на непријателот да пружа отпор, потсетувајќи дека таква стратегија изминатиот половина век применувале САД и НАТО во нивните воени интервенции, како во Ирак, Србија итн. Москва, исто така, порача дека патењето на цивилите ќе престанат доколку Киев се согласи на руските услови за постигнување мир.

Најголемиот украински приветен добавувач на енергија ДТЕК морал да ги исклучи постројките од електричната мрежа поради оштетувањата од нападите во понеделникот, и соопшти дека во последните два месеца неговите постројки биле цел на руските ракетирања 17 пати.

Володомир Кудритски, директор на националниот оператор со електричната мрежа „Укренерго“, обвини дека Русија намерно ги започнала нападите кога температурата паднала под нулата.

„Потребни се ден или два да се воспостави нормално производство во систем“, рече Кудритски за украинската телевизија.

Тешки оштетувања се пријавени и во другите украински региони, вклучително и на југот и југоистокот, каде се водат некои од најжестоките борби во кои се известува за бавно напредување на руските сили, поради што е издадено предупредување за нови прекини на струјата.

Сите станици и резервни водови во водоснабдувањето во регионот на црноморскиот пристанишен град Одеса се без снадување со струја, поради што е прекинато снабдувањето со струја, објави тамошното комунално претпријатие. Во Краматорск, последниот град под украинска контрила во Доњецкиот регион, 370 станбени објекти останале без затоплување поради прекинот на струјата, изјави украинскиот градоначалник.