Половина од младите Македонци живеат во заедница во премали домови

Податоците од Евростат покажуваат дека 51 отсто од младите до 30 години живеат во заедница во премали домови.

Нашата земја е меѓу државите каде е најголем бројот на граѓани кои живеат во домови со мала квадратура.

Податоците од Еуростат, покажуваат дека живеењето во премали домови е најзастапено на Балканот. На дното на табелата заедно со Македонија, се и Србија, Романија и Бугарија. Просекот во Европската Унија покажува дека дека 17 отсто од луѓето живеат во недоволен простор.

Претходните години, податоците на Еуростат покажуваа дека Швеѓаните најбрзо се осамостојуваат, односно заминуваат од домот на родителите пред да наполнат 20 години. На ниво на ЕУ мажите подоцна заминуваат од родителскиот дом отколку жените.