Половина од републиканците зад Трамп против FBI

Половината од гласачите на американската Републиканска партија сметаат дека функционерите на Федералното биро за истраги (FBI) се однесувале неодговорно кога го претресувале домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида барајќи документи од Белата куќа, покажува истражувањето на Reuters/Ipsos објавено во четвртокот.

Агентите на FBI на 8-ми август земале 11 комплети документи од приватното одморалиште на Трамп во Мар-а-Лаго во Палм Бич. Станува збор за документи, од кои според тврдењето на Трамп била симната ознаката „доверливи“, но во меѓувреме администрацијата на Белата куќа на неговиот демократски наследник на должноста повторно ги означила за „доверливи“, а некои и како „многу доверливи“, што е статус резервиран за документите кои содржат најчувствителни податоци поврзани со американската национална безбедност.

Трамп обвини дека станува збор за политички мотивиран чин поради неговата најава за кандидирање на претседателски избори во 2024 година, како и поради тоа што демократите на Бајден многу заостануваат во анкетите пред ноемвриските избори за Конгресот на половината од неговиот мандат. Министерството за правосудство, пак, тврди дека непристрасно го применува законот.

Анкетата спроведена од Reuters/Ipsos укажува на тоа дека републиканските избирачи би можеле да бидат во многу голема мера на страната на Трамп. Републиканската партија, им дава вообичаено поддршка на агенциите на спроведување на законот, но последните години има големи забелешки откако FBI ги забошоти истрагите на кривична злоупотреба на приватните сервери и електронска пошта за државни работи од страна на поранешната демократска државна секретарка Хилари Клинтон, како и во врска со истрагата во врска со кампањата против Доналд Трамп во 2016 година за наводна негова поврзаност со Русија, иако се дојде до податоците дека демократите ја платиле и нарачале од поранешен британски разузнавач.

Повеќе од двојно помалку републиканци, пак, го поддржале FBI што е во согласност со гледиштето на некои видни републиканци кои се противници на Трамп, како поранешниот потпретседател Мајк Пенск кој во средата ја повика партијата да престане да го напаѓа Бирото.

Дека FBI и министерството за правосудство се однесувале неодговорно со партиска заднина мислат 54 отсто од испитаниците, додека 23 отсто го сметаат спротивното. Преостанатите одговориле дека „не знаат“.

Ставовите за претресот без преседан ја одразуваат поларизираноста на американското општество. Додека републиканците главно застанаа зад Трамп, 71 отсто и демократите и околу половина од „независни“ гласачи рекле дека сојузните органи постапувале одговорно.

Последните настани покажуваат дека Трамп сѐ уште е исклучително популарен меѓу републиканците и ја разгледува кандидатурата на претседателските избори во 2024 година.

Од FBI известија дека се зголемил бројот на заканите за оваа сојузна агенција по претресот во Мар-а-Лаго. Три дена по пребарувањето на куќата на Трамп вооружен маж со десничарски ставови, наводно се обидел да провали во канцелариите на FBI во Синсинати и полицијата по потерата го застрелале.