Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење нивната земја да биде домаќин на Евровизија следната година, покажуваат резултатите од анкетата објавена во саботата од весникот Blick.
Репрезентативната анкета на речиси 25.000 луѓе покажа дека 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде „за“. Пет проценти сѐ уште немаат став по ова прашање
Но, сакале или не, Швајцарија ќе биде домаќин на музичка екстраваганција во 2025 година благодарение на поп-пејачот Немо, кој ја освои главната награда на овогодинешниот натпревар во Малме, во Шведска, со песната „The Code“ посветена на „родовата некомформизам“.
Со победата на Немо за Швајцарија, лингвистички разновидната и про славената по својата неутралност алпска земја следниот пат ќе биде домаќин на натпреварот, во кој ќе настапат изведувачи од целиот континент, па дури и пошироко.
Локацијата сѐ уште не е одредена. Градовите Цирих и Женева се пријавија, додека швајцарскиот главен град Берн и блискиот град Бил поднесоа заедничка понуда за домаќинство.
Анкетата на Blick покажа дека поддршката е посилна кај луѓето со повисоко ниво на образование и левичарски политички ставови отколку кај другите групи на население.
Дури 74 отсто од приврзаниците на десничарската партија SVP се против одржувањето на Евровизија во Швајцарија. Според Blick, тоа би можело да има врска и со фактот дека Немо се идентификува како небинарна личност и ги претпочита заменките they/them во англискиот јазик.
Победата на Немо на една од најголемите европски сцени предизвика контроверзии и дебата за тоа дали „трет пол“ треба да биде регистриран во Швајцарија.