Над половина тон хероин бил запленет во Анкара од страна на турската полиција, во рамки на најголемата операција во земјата оваа година.
Во операцијата биле конфискувани 556 килограми хероин и било приведено едно лице на 35 годишна возраст.
Операцијата е извршена во канцеларија во Анкара, а полицајците дејствувале по претходно добиен повик.
Дрогата била поделена во пакети и подготвена да биде испратена во Европа за новогодишните забави.
Вредноста на запленетата дрога изнесува околу 32 милиони евра.