Половината од Молдавците „сепак“ гласале „за“ ЕУ

Половина од Молдавците гласале „за“ на референдумот во неделата за аспирациите за членство на земјата во Европската унија, покажаа привремените резултати, што ја стави малата земја од исток-запад на пат да се приклучи на единствениот пазар.

Во понеделникот во 3 часот по Гринич, со преброени 98,38 отсто од гласовите, 732.780 Молдавци или 50.07 отсто од Молдавците гласале „за“, а 730.664 гласачи или 49,33 отсто покажуваат резултатите објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија на Молдавија.

Во отцепениот самопрогласен проруски ентитет Приднестровје, каде се преброени сите избирачки ливчиња, „против“ евроинтеграциите биле 62,56 отсто од гласачите, а „за“ 37,44 отсто. Во автономната облас Гагаузија во рамките на Молдавија – по обработката на сите гласачки ливчиња – 94,84 отсто од избирачите гласале против интеграцијата на земјата во ЕУ, а само 5,16 отсто ја поддржале.

Конечниот резултат сѐ уште е неизвесен. Неколку часа претходно, делумните резултати покажаа дека ури 57 отсто не се подготвени да одлучат за влез во ЕУ.

Аналитичарите велат дека гласачките ливчиња од дијаспората во западноевропските земји биле „пребројани при крајот, давајќи ѝ на кампањата „да“ поттик во последен момент“.

Во рамките на референдумот, граѓаните требаше да одговорат на едно прашање: „Дали поддржувате промена на Уставот со цел Република Молдавија да влезе во Европската унија?“. Идејата за референдум беше критикувана од дел од јавноста и опозициските партии, кои се убедени дека референдумот не ги одразува толку аспирациите на народот колку што е алатка за зајакнување на позицијата на актуелните власти пред претстојните претседателски и парламентарни избори.

Иако далеку од голем успех, резултатите се во полза на актуелната проевропска претседателка Маја Санду, која се кандидираше на изборите во неделата за да ја задржи својата позиција. Рано во понеделник, со преброени 97,7 отсто од гласовите, таа освои 41,91 отсто од гласовите.

Референдумот и претседателските избори се гледаат како тест за подготвеноста на длабоко поделената земја да одржува блиски врски со Русија или да започне потенцијално долг процес на пристапување во Европската унија.

Главниот ривал на Санду на претседателските избори, поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло кој потекнува од Гагаушката област, освои 26,32 отсто од гласовите, поставувајќи ја основата за вториот круг на 3 ноември во најсиромашната поранешна советска земја од југоисточна Европа.

Гласањето оди во вториот круг доколку ниту еден кандидат не надмине 50 проценти.

Во изјавата за Молдавците, Санду доцна во неделата рече дека има „јасни докази“ дека криминалните групи кои работат заедно со странските сили непријателски на интересите на Молдавија се обидуваат да купат 300.000 гласови, како што таа го нарече „измама без преседан“. „Нивната цел беше да го поткопаат демократскиот процес. Нивната намера беше да шират страв и паника во општеството… Ги чекаме конечните резултати и ќе одговориме со цврсти одлуки“, рече таа.

Пред гласањето, беа изнесени низа обвинувања за мешање во изборите против Илан Шор, кој под притисок од Кишинев мораше да замине во егзил во Русија. Москва негираше мешање, а Шор ги негира обвинувањата. Претходно овој месец, молдавската полиција под водство на сојузниците на претседателката Санду го обвини Шор, кој е осуден на затвот во отсуство за наводна измама и кражба што тој го отфрли и го оспорува како политички притисок, дека се обидел да плати мрежа од најмалку 130.000 гласачи за да гласаат „против“ и да го поддржат „нашиот кандидат“ на изборите.

Шор наводно отворено понудил на социјалните мрежи да им плати на Молдавците за да ги убедел другите да гласаат на одреден начин и рекол дека тоа е легитимна употреба на парите што ги заработил.

Во понеделникот во раните утрински часови тој рече дека Молдавците гласале против референдумот. „Денеска ви честитам, ја изгубивте битката“, додаде тој, обраќајќи ѝ се на Санду едноставно како Маја.

Пред гласањето, молдавските власти на социјалните мрежи ги блокираа сите профили на медиуми и организации симнаа изворите на интернет за кои рекоа дека наводно содржеле дезинформации, објавија дека наводно откриле програма во Русија за обука на Молдавците да организираат масовни немири и отвориле кривични случаи против сојузниците на Шор.