Положено цвеќе на партизанските гробишта и на гробот на Апостолски

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација на Советот на Град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од Владата на Република Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.