Полска ја доврши мигрантската ограда на границата со Белорусија

Полска ја завршила градбата на оградата долга 187 километри по должина на границата со Белорусија, изјави во четвртокот во текот на посетата на граничниот премин Кузниц, полскиот премиер Матеуш Морвјецки.

Полска и Белорусија имаат заедничка граница долга 418 километри, но освен 187 километри кои сега се со ограда, поголемиот дел од границата минува низ езера и реки.

Минатата година оваа област стана жариште на мигрантска криза, кога на белоруските граници пристигнаа неколку илјади бегалци од Блискиот исток кои сакаа да се префрлат преку Белорусија во балтичките земји од Европската унија.

Брисел го обвини Минск дека наводно ги повикал мигрантите за да создаде мигрантска криза како одговор на санкциите на ЕУ против Белорусија, којашто ги обвини соседните земји за бруталност кон мигрантите.

Многумина од дојдените мигранти пристигнаа од подрачјата зафатени со војни, што значеше дека Полска мораше да избира или да дозволи проток на мигранти или да биде сметана за земја која ги одбива луѓето кои бегаат спасувајќи си ги животите.

Кризата, пред да биде завршена во зимата, имаше кулминација во топлите летни и есенски денови од 2021 година. Сега кога температурите повторно растат, полските власти известуваат дека бегалците се враќаат во сѐ поголем број,

Полската војска ланскиот август подигна импровизирана ограда којашто постепено од јануари е заменета со 5,5 метри висока ограда опремена со сензори и камери, на што се потрошени 366 милиоини ерра.