Полска ја осудува „големата себичност“ на западните земји

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја осуди во саботата во Берлин „големата себичност“ на некои западни земји „вклучително и Германија“ по руската воена операција во Украина.

„Поради тоа и дојдов тука, во посета на канцеларот Олаф Шолц, за да ја поттикнам совеста на многумина, да би ја поттикнал совеста на Германија. И дека Германците конечно да ја донесат олдуктата за воведување навистина моќни санкции против Русија“, рече Моравјецки за полските новинари пред состанокот со германскиот канцелар.

Украина ја критикува Германија, бидејќи од оваа земја чиишто влади по традиција се решваат да не испраќаат оружје во зоните на конлфикти во светот, и покрај долгата листа од воена опрема и оружје која ја бара ѝ простигнале само 5.000 шлемови.

Челниците на Полска и Литванија во саботата, пред средбата со канцеларот Шолц, ја повикаа Европската унија да продолжи да ѝ дава поддршка на Украина која се соочува со руските војски.

Моравјецки рече дека на масата треба да се најдат сите санкции против Русија, вклучително и затварањата на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, како и забнрана за пристапот на Русија до глобалниот состем за плажање SWIFT. Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека е „извонредно важно“ на Украина да ѝ се даде „вистинска воена помош“.

„Треба да ги затвориме Северен тек 1 и 2, треба да ја намалиме зависноста од суровините, да ги отсечеме руските финансиски институции од пазарите на капитал, да ги конфискуваме имотите на олигарсите, да го затвориме SWIFT за Русија… сите опции треба да бидат на маса“, рече Моравјецки.

Меѓутоа, земјите од ЕУ се двоумат околу тоа дали на Русија да ѝ го блокираат и пристапот до мрежата за меѓународни трансакции SWIFT, особено откако Индија најави дека може со Русија да тргува директно со плачања во рупии и рубљи. Искличувањето на Русија од овој систем кој го користат илјадници банки би нанел првично тежок удар на рускиот банкарски систем, поради недостапност од финансии. Но владите на многу земји стравуваат и за штети врз своите стопанства и економии, бидејќи тоа ќе предизвика големи нарушување и недостатоци во набавката на руски енергенси, метали и минерали, во прв ред на нафтата и гасот.