Полска ќе бара компензација од ЕУ за испораката на германските тенкови во Украина

Полска ќе побара компензација за расходите при евентуалните испораки на германските тенкови „Leopard 2“ од Европската унија коишто ќе ѝ ги предаде на Украина, изјави во вторникот полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Да, ќе аплицираме, се разбира, за компензирање. Тоа ќе претставува уште еден тест за добрата волја на Европската унија“, изјави полскиот премиер за новинарите.

Според Моравјецки, ЕУ траба да ѝ ги надомести таквите трошоци на Полска и изрази уверување дека „тоа и ќе се оствари“.

Полска досега од почетокот на руската инвазија ланскиот февруари, на Украина ѝ предала околу 250 тенкови од модернизираниот советски и руски модел „Т-72“. Кога ќе се имаат предвид и бројката тенкови од неколку стотици со кои располагале украинските сили пред војната, како и бројот донирани единици вакво вооружување од другите земји членки на НАТО, според воените аналитичари, се чини дека украинските тенковски единици се сосема разбиени.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак претходно објави дека Варшава официјално побарала од Германија, којашто е земја производител, дозвола за натамошен реекспорт на тенковите „Leopard 2“ во Украина, а неговиот германски колега Борис Писториус ги охрабри земјите кои ги поседуваат да почнат на нив да ги увежбуваат украинските војски.

Изминатиот викенд Моравјецки изјави дека Варшава може и без дозвола на Берлин да му испорача некои од 247 тенкови „Leopard 2“, коишто Полска ги поседува според регистарот на оружја на Обединетите нации од 2019 година.

Засега не е јасно колку тенкови на Киев, кој бара стотици па и илјада, Варшава има намера да му предаде, но објави дека ќе се обиде да ги убеди и другите земји да го бараат дозвола или да го сторат истото. Тенкот „Leopard 2“ го користат околу 20 земји, меѓу кои Канада, Данска, Грција, Финска, Холандија, Норвешка, Австрија, Шпанија, Шведска и Турција.