Полска е упорна во исплатаа на репарации од Германија

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во разговорот за неделното издание на германскиот весник Bild дека Полска од Германија се’ уште очекува исплата на репарациите за штетит нанесени во текот на Втората светска војна.

„Според моите сознанија, репарацијата не е завршен процес“, вели Анджеј Дуда во разговорот.

Неколку дена пред германско-полските консултации на нивоп на влади, полскиот претседател зборува за вештачењето на неговиот претходник Лех Качински, од коешто произлегува дека воените отштети за Полска никогаш не биле исплатени. Тоа особено се однесува на главниот град Варшава коајшто германската армија во текот на Втората светска војна речиси целосно ја уништила.

„Станува збор за вистината и преземањето на одговорноста“, додава Дуда. Појаснува дека и една полска парламентарна група, исто така, потврдила дека „репарациите не се решени“.

Претставниците на владејачката партија Правда и справедливост (PiS) во април пресметаат дека Германија на Полска би морало да и’ исплати околу 700 милијарди оштета. Германија одбива да исплати репарации повикувајќи се на договорот од 1950-те со кој тогашниот Советски сојуз, а потоа и Полска се откажале од германските репарации.

Според меѓународното право, пак, барањето за воени репарации застарува по 30 години. Меѓутоа, владејачката конзервативна полска партија ја отфрла валидноста на сппоменатиот документ, истакнувајќи дека бил потпишан под присила на СССР.

Изјавите на Дуда доаѓаат пред најавените полско-германски консултации во петок во Варшава. Германската канцеларка Ангела Меркел и неколку министри од нејзината влада, во полската престолнина ќе разговараат со премиерот Матеуш Морвајецки.

Во приватни разговори за германските медиуми, германски дипломати оценуваат дека Полска прашањето на воените отштети не го поставува само поради наплатата на репарациите, туку во прв ред тоа да го искористи како лост за притисок за поддршката на Берлин во преговорите со Европската уинија за буџетот и можните санкции со коишто Европската комисија и’ се заканува на Варшава поради наводноте кршења на европските прописи за правосудството.