Полска го отповика командантот на Еврокорпс поради истрага за шпионажа

Полска го отповика во средата вечерта актуелниот командант на Еврокорпусот во Стразбур, генерал-полковник Јарослав Громадзињски, a таа одлука стапува на сила веднаш.

Еурокорпс (европски корпус) е мултинационален штаб, основан е во 1993 година на иницијатива на тогашниот германски канцелар Хелмут Кол и францускиот претседател Франсоа Митеран. Денес Еврокорпс (Eurocorps) е во состојба да командува со 60.000 војници од Германија, Франција, Полска, Белгија, Шпанија и Луксембург, како и уште пет и пет земји кои соработуваат: Австрија, Грција, Италија, Романија и Турција. Всушност овие сили претставѕват продолжена рака на НАТО алијансата, но и на Европската унија а имаат седиште во Стразбур.

Министерството за одбрана во Варшава во средата на платформата Х објави дека одлуката е донесена поради контрашпионажни истраги откако на виделина излегоа нови информации за генералот. Педесет итригодишиот Громадзињски го предводеше Еврокорпс од ланскиот јуни. Тој за порталот Onet.pl изјави дека не направил ништо лошо, но не сакал да ја коментира истрагата којашто е во тек.

„Би сакал да објавам дека во текот на 34-те години професионален воен рок, секогаш на прво место го ставам доброто на службата и доброто на татковината, често на сметка на моето семејство. Додека служев на штабни и командни позиции, дома и во странство, како и кога соработував со сојузниците во НАТО, секогаш со гордост ја претставував униформата на полскиот војник“, уверува генералот.

Воената контраразузнавачка служба покренала постапка во врска со генералот Громадзињски, бидејќи, како што им е објаснето на полските медиуми, добиени се нови информации во врска со него. Генералот беше разрешен, како и од другите позиции, и од функцијата командант на Еврокорпус а него ќе го замени генералот Пјотр Блазеуш.

Полското Министерство за одбрана преку соопштение објави дека инспекциската постапка се однесува на „личниот безбедносен сертификат на генерал-полковник Јарослав Громадзињски“. Поради ова, министерот Владислав Косинијак-Камиш го разреши воениот од функцијата командант на Еврокорпс и наложи генералот веднаш да се врати во земјава.

Генералот Јарослав Громадзињски стана командант на Еврокорпсот на крајот на јуни 2023 година. Тој беше првиот Полјак на оваа позиција. Пред да ја преземе функцијата беше координативен советник на началникот на Генералштабот на полската армија, а претходно ја извршуваше функцијата прв командант на 18-та механизирана дивизија, која е формирана во 2018 година.

Служел и во Меѓународниот тим за помош на Украина во Визбаден, Германија, каде заедно со американскиот воен персонал бил одговорен за обука на украинските војници. На 3-ти мај минатата година ее унапреден од полскиот претседател Анджеј Дуда во чин генерал-полковник.