Полска и Украина договорија транзит на житарките, но под надзор

Полска постигна согласност со Украина за транзитото на жотарки и прехранбени производи под надзор, изјави полскиот министер за земјоделство, сигнализирајќи договор за пратките што ги притиснаа надолу цените во Европа и ги разгневија земјоделците, особено во централните и источните европски земји украински сосетки.

Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на украински житарки за да ги заштитат домашните производители од евтина конкуренција, а и Варшава го забрани и нивниот транзит. Земјоделците во Бугарија и Романија, исто така, веќе со месеци бараат од своите влади воверување слични мерки.

Во вторникот, полскиот министер за земјоделство Роберт Телус рече дека преговорите со Украина во Варшава донеле решение, објаснувајќи дека е договорен транзит на украинско жито низ Полска, под печат и надзор. Договорот ќе стапи на сила во петок на полноќ, изјави полскиот министер за развој Валдемар Буда.

„Бевме принудени да ја затвориме границата, бидејќи ЕУ ги затвора очите пред големите количества житарки коишто пристигнуваат во Полска, но во исто време ги продолживме разговорите со Украина за можностите за транзит, со гаранција дека житарките нема да заглават во Полска. И најдовме решение“, објасни Буда.

Првата потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, изјави дека е уверена дека украинските извозници ќе ги почитуваат условите од договорот со Полска.

Сè уште не е јасно како другите земји кои го забранија увозот ќе реагираат на договорот, забележува Reuters. ЕУ ги критикуваше земјите-членки за забраните, а амбасадорите треба да разговараат за мерките подоцна во средата, изјави ла за агенцијата неименуван висок претставник на Унијата.

На почетокот на април премиерите на Словачка, Романија, Унгарија, Бугарија и Полска 1 пишаа на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, барајќи конкретни мерки во случајот со увозот на украински земјоделски производи. Тие рекоа дека можеби е неопходно повторно да се воведат царини доколку увозот на житарките и другите производи од Украина не може да се запре со други средства.

Украина е еден од најголемите извозници на житарки во светот, но руската инвазија и мините поставени од украинската војска пред пристаништата го попречија нејзиниот извоз преку пристаништата на Црното Море. Минатата година, со посредство на ОН и Турција, беше постигнат договор за коридор за обезбедување на снабдување на земјите од Блискиот исток и Африка, главни клиенти, но дуро 80 отсто од тие пратки беа пренасочени кон побогатите пазари коде се плаќа повеќе.

Дел од украинските пратки во меѓувреме беа пренасочени преку Полска и Романија, а некои таму го завршија патувањето. Бидејќи се поевтини од родот на локалните земјоделци, тие вршат притисок врз цените и нивната продажба.