Полска на Украина ѝ испорача над 200 тенкови и повеќе десетици борбени возила

Полска ѝ предала на Украина повеќе од 200 тенкови и повеќе десетици пешадиски борбени возила, објави во петокот полското национално радио.

Станува збор за современа везија на тенковите „Т-72“ од советско потекло, за чијашто употреба се обучени украинските тенкист. Заедно со бројот на оклопните борбени возила, според процените на полското радио, тоа е доволно за формирање две бригади. Но големите бројки тешко вооружување, во прв ред тенкови, кои деновите на Украина треба да ѝ ги испорачаат западните земји под влијание на САД, според повеќе коментатори укажуваат дека се вистините тврдењата на руското министерство за одбрана дека речиси целосно се уништени украинските околопни сили.

Од своја страна, челникот на полското Биро за национална безбедност, Павел Солох, не го процезира бројот на испорачаното тешко вооружување на Киев.

„Нема да изнесувам конкретни бројки. Полска исппорача, испорачува и ќе продолжи да ѝ испорачува воена помош на Украина, вклучително и тенкови Т-72“, изјавил Солох за полското национално радио.

Претходно на 23-ти април, портпаролот на полската влада Пјотр Милер, цитирајќи го премиерот Матеуш Моравјецки, изјави дека Варшава ќе му испорача на Киев вооружување во вреденост од повеќе од 1,6 милијарди долари.

Тие испораки вклучуваат, меѓу другото, минофлрачи, муниција, и беспилотни летала. Според шефот на кабинетот на полскиот премиер Михаил Дворчак, Варшава е втората земја по САД според вредноста на испорачаното оружје и опрема за Украина.

Во врска со испораките, особено на офанзивно и тешко вооружување на Киев, Русија им упати протесни ноти на сите земји вклучени во испораките вклучително и на САД. Притоа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди дека секоја пратка со оружје за Украина ќе биде легитимна воена цел на руската војска.