Бројот на заразените со новиот коронавирус во Полска, од почетокот на епидемијата, надмина 100 илјади во неделата, објави министерството за здравство, ддоека бројот на заразените на дневно ниво беше рекорден трипатио во изминатата седмица.
Со новите 2.367 случаи на заразата од 25.900 тестови, Полска која има 38 милиони жители бележи вкупно 100.074 заразени лица. И покрај забрзувањето на инфекциите во последниот период, бројката заразени е значително помала отколку во многу западноевропски земји.
Во последеното деноноќие во земјата се потврдени и 34 смртни случаи поврзани со коронавирусот, со што нивниот вкупен број достигна 2.630 починати.
Полска беше меѓу првите земји во Европа која по избувнувањето на пандемијата воведе строги карантински мерки, а владејачката национално-конзервативна партија Правда и справедливост (PiS) порача дека сака да го избегне повторното воведување на карантинот, порад економската штета со воведувањето на ограничувањата во најмногу погодените области.
Додека претходно на индустрискиот југ имаше најмногу заразени, со жаришта меѓу рударите, во изминатите седмици најмногу случаи се забележани во централна и во северна Полска. Сопот, летувалиште на Балтичкото Море, е додадено на листата најтешко погодени области со најголемио рестрикции.
Постои опасност и главниот град Варшава да биде додадена на листата области со зголеми ограничувања на движењето, објави министерството за здравство. Владата ги претстави новите мерки за областите со најголем број заразени, кои вклучуваат затоврање на баровите и ресторани во 22 часот.